Османи: Време е без ограничувања да се отворат границите
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи порача дека е време да се отвораат границите.
„Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања“, напиша вицепремиерот Османи на неговиот профил на Фејсбук.
Комисијата за заразни болести треба денеска да разговара за можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен тест и самоизолација, по што ќе се донесе соодветна одлука.
Филипче: Се отвораат казината и теретаните, ќе се разговара за границите
Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање во нормала на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово.