Познат чеченски блогер нападнат со чекан во странство
Организацијата за човекови права Вајфонд со седиште во Шведска, соопшти дека познат чеченски блогер бил нападнат во неговиот стан во европска земја во која живее криејќи се. Овој е последен напад во Европа врз критичар на раководството на рускиот севернокавкаски регион.
Тумсо Абдурахманов е од денеска во болница поради нападот, соопшти добротворната организација за човекови права Вајфонд која се занимава со заштита на правата на Чеченците и други етнички групи од рускиот кавкаски регион кои се под религиозен и политички притисок.
Според Вајфонд азилант упаднал во станот на Абдурахманов доцна на 26 февруари додека тој спиел и го нападнал со чекан. Блогерот успеал да се спаси и да повика полиција. Абдурахманов ја напушти Чеченија пред неколку години поради страв за неговата безбедност откако стана познат по критиките за власта во неговата земја која е поддржана од Кремљ.