Зачувување на вистината и силна осуда за Холокаустот
![Зачувување на вистината и силна осуда за Холокаустот](https://gdb.rferl.org/DD0CCF4D-4FE1-4899-883F-0BD0E9D37250_w800_h450.jpg)
Македонија се придружи на годинашното сеќавање на жртвите на Холокаустот. Премиерот Оливер Спасовски изјави дека политичка и морална обврска е борба против антисемитизмот, обидите за искривено толкување на холокаустот, говорот на омраза и сите други форми на кршење на човековите права.