Собранискиот деловник ќе се усогласува во рамки на процесот Жан Моне
Официјалните информации се дека форматот на средби останува ист, односно дека европратениците би требало да имаат средба со лидерите на партиите, а потоа и заеднички разговори со координаторите на пратеничките групи.
Од пратеничките групи за МИА брифираат дека најголем дел од спорните точки во Деловникот се усогласени, освен што за опозоцијата е спорен начинот на избор на генералниот секретар на Собранието, како и усогласувањето со амандманите на Уставот односно со новото име на државата – Деловник на Собранието на Република Северна Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека има и други прашања за кои тие сметаат дека се уште треба да се разговара и предупредуваат дека треба да се има предвид и фактот што Парламентот е пред распуштање, како и дека одржувањето на средбата не значи дека ќе дојде до надминување на сите спорни точки.