Лидерот на Абхазија поднесе оставка
Поранешниот абхазиски премиер Сергеј Шамба ја прочита оставката на Хаџимба пред насобраните демонстранти во близина на претседателската резиденција. И претседателот на парламентот го потврди таквиот потег на досегашниот лидер наведувајќи дека се уште не се знае кој ќе ја извршува сега функцијата претседател.
Кризата во отцепената грузиска република почна на 9 јануари кога демонстрантите ја каменуваа административната зграда во која работи Хаџимба обвинувајќи го за победа со измама на септемвриските парламентарни избори.