Продолжуваат протестите во Иран
Денеска протести има во два универзитети во Техеран, а демонстрантите извикуваат слогани против иранските власти. На снимките од претходните протести се гледа како полицијата и безбедносните сили пукаат од оружје и со солзавец за да ги растераат демонстрантите, но властите негираат дека полицијата отворила оган.
Инаку, иранската војска на 11 јануари соопшти дека воздушните сили ненамерно го погодиле авионот Боинг 737-800 на 8 јануари при што загинаа сите 176 луѓе кои беа во него. Трагедијата се случи неколку часа откако со балистички ракети Иран нападна воени бази во Ирак во кои се сместени американски војници.