Романија осуди 13 луѓе за пожарот во ноќен клуб во Букурешт во кој загинаа 65 луѓе
Романскиот суд осуди 13 луѓе за пожарот во ноќен клуб во Букурешт во 2015 година, во која загинаа 65 луѓе, што предизвика масовни протести.
Тројцата сопственици на клубот Колектив добија по 11 години и 8 месеци затвор поради безбедносни пропусти кои довеле до пожарот.
Ноќниот клуб се запали на 20 октомври 2015 година за време на рок-концерт на кој имало и огномет.
Тројца вработени од фирмата која го обезбедила огнометот добија меѓу 10 и 12 години затвор.
Еден градски службеник во Букурешт и инспекторот за противпожарна заштита, кои потпишале дека клубот ги исполнува безбедносните стандарди, исто така добија затворски казни.
Бројот на загинати во пожарот и откривањето на небрежноста на надлежните предизвикаа масовни протести против корупцијата кои доведоа до оставка на тогашниот премиер Виктор Понта.