Вооружен напад на синагога во Сан Диего
Една жена загина и три мажи се ранети откако маж влетаа во синагога во Сан Диего и отвори оган. Полицијата соопшти дека напаѓачот е притворен и дека станува збор за 19 годишно момче по име Џон Ернест, кој живеел во близина на градот каде што го извршил нападот. Еден час пред нападот, момчето објавило антиеврејско видео на социјалните мрежи. Тој е осомничен и испрашуван од полицијата и за подметнувањето пожар во џамија минатиот месец.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство, го осуди нападот при што го окарактеризира како антисемитски. Трамп истакна дека „по се судејќи се работи за злосторство од омраза“, додавајќи оти властите ќе го истражат случајот.