Крај на вонредната состојба во Турција?
![Крај на вонредната состојба во Турција?](https://gdb.rferl.org/32f0b28e-b5af-49cb-86a0-d8e47da2d3e4_tv_w800_h450.jpg)
Во Турција заврши вонредната состојба која беше воведена во јули 2016 година по неуспешниот пуч и која донесе големи чистки во медиумите и опозицијата и до масовни отпуштања од државните институции. Вонредната состојба беше продолжувана седум пати. Последното тримесечно продолжување истече денеска.