Под железничкиот лак на мостот во Крим помина првиот брод
Товарниот брод „Св. Алексеј“ е првиот брод што помина под железничкиот лак на мостот на Крим, соопшти инфоцентарот „Кримски мост“.
Поминувајќи под лакот, капетанот на бродот Јуриј Силаев даде поздравен сигнал.
„Ја гледаме изградбата од почетокот. Оваа е грандиозна градба која ќе влезе во историјата“, изјави Јуриј Силаев, пренесува РИА „Новости“.
Бродот пловеше од Азовското море до Црното море.