Пред 247 години: Објавена е првата научно-истражувачка статија за компир
Првите компири се донесени во Русија од Западна Европа во 17-от век на иницијатива на Петар Велики. Во 1736 г. биле послужувани на банкети како егзотична храна. Во 1765 година, за да се спречи глад од недостаток на леб, издаден е декрет да се одгледуваат компири во градините во Русија. Селаните најпрвин биле налутени поради тоа што најдобрите места за земјоделие почнале да се садат со компир и своето незадоволство го искажале со неколку „компирови бунтови“.
Од друга страна, компирот бил добро прифатен во многу региони на Руската Империја. На 26 август 1770 г. објавен е првиот научно-истражувачки есеј „Белешки за компирот“ од страна на рускиот агроном Андреј Болотов. Производството на компир растеше од година в година, така што денеска компирот честопати го нарекуваат „втор леб“ во Русија.
Како Петар Велики ги учел Русите на етикеција