Во Сирија испробана нова заштитена комуникација на руските сили
„Во текот на спроведувањето на воената операција во Сирија првпат беше пробан и реализиран нов начин за организација на заштитена врска со користење на оператори за врска на странски држави“, изјави тој, пренесува „Взгљад“.
Медиум: Руските безбедносни сили ќе добијат „паметен телефон на тркала“
Арсланов истакна дека благодарение на тој систем се воделе меѓународни телефонски разговори на командата на сириската армија со членките на коалицијата, а војниците комуницирале со роднините.
Генералот објасни дека користењето на стационарна врска во Сирија се покажало како невозможно, затоа што таа делумно била уништена во текот на борбите, а делот кој функционирал не ги задоволувал потребите на групата.
Во Сирија беа испробани многу разработки на рускиот Одбранбено-индустриски комплекс. Претходно беше соопштено и за искуството од примената на борбената опрема „Ратник“ во Сирија.