Во Москва ќе изградат атомска скривница за 1500 луѓе
Проектот исто така предвидува изградба на подземен паркинг за 790 возила.
Што се крие под Москва?
„Со проектот за планирање се предвидува подземна гаража за 790 возила, каде се предвидува распоредување на објект за цивилна одбрана за двојна намена од типот ВУ-А-IV со вкупен капацитет од 1500 луѓе“, се вели во документите на Московскиот комитет за архитектура.
Станбениот комплекс ќе се состои од згради високи девет или повеќе катови со околу 147 илјади метри квадратни станбен простор.
Претходно беше соопштено дека скривниците во Карелија повеќе нема да бидат складишта за овошје и зеленчук и ќе бидат вратени во сопственост на државата. Објектите на цивилната одбрана беа приватизирани во 1990-те, пишува „Известија“.