БМД-4М со новиот борбен модул „Синица” на прелиминарни испитувања
Десантното борбено возило БМД-4М со новиот борбен модул „Синица” ги минува прелиминарните испитувања. Ова во интервју за ТАСС го изјави главниот конструктор на „Специјалното конструкторско биро за машиноградба” Сергеј Абдулов.
8 нови модели руско оружје на форумот „Армија 2016“
„Синица“ е направена „од нула“, според техничката задача на Министерството за одбрана и сега ги минува прелиминарните испитувања”, изјави Абдулов.
Конструкторот истакнува дека главната разлика на „Синица“ од модулот „Бахча-У“, кој досега беше на десантното борбено возило БМД-4М е во тоа што новиот модул истовремено одговара и на пешадиските борбени возила БМП-3.
„Изедначен е погонскиот блок, системот за потпора, сега работиме на унификација на борбениот дел. Освен тоа, нашиот модул е поевтин од „Бахча“ и има можност да гаѓа воздушни цели преку нишанот на командантот“, објасни Абдулов.