Бомбардери на руските ВКС пролетаа над Тихиот Океан
Руските стратешки бомбардери Ту-95МС извршија планирани летови над неутралните води на Тихиот Океан, соопшти „Известија“.
„Стратешките ракетоносци Ту-95МС на Воздушно-космичките сили извршија планирани летови над неутралните води на Тихиот Океан, Јапонија, Жолтото и Источнокинеското Море“, го пренесува РИА Новости соопштението на военото министерство.
Агенцијата додава дека бомбардерите извршиле воздушно полнење.
Истовремено во неколку фази од маршрутата авионите се придружени од борбени авиони на Јужна Кореја и Јапонија. Но, летовите беа спроведени во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води, со што не беа нарушени државните граници на други земји, појасни изданието.