Медиум: Меѓународниот ден на огнометот во Москва ги воодушеви гледачите
Екипи од осум држави од Европа, Азија и Латинска Америка учествуваа во Меѓународниот фестивал на огнометот што се одржа минатиот викенд во Москва, пишува „Евроњуз“.
Секоја од екипите имаше по десетминутен настап.
Прекрасните изведби со десетици илјади разнобојни огномети ги воодушевија гледачите.
Меѓународниот фестивал на огнометот „Ростех“ се одржа ноќта на 19 август во Москва.
Според организаторите на фестивалот, во 2016 година имало повеќе од 500 илјади гледачи, пренесува RT.