LADA Vesta ќе стане официјален автомобил за такси превоз на Куба
Рускиот производител на автомобили „АвтоВАЗ“ првпат ќе ја извезува LADA Vesta во Куба, соопштува RuEconomics.ru. На Островот на слободата моделот ќе биде официјален автомобил на државните такси-компании.
Lada Vesta најпродаван седан од С-класа во Русија
Официјални извори, блиски до раководството на автомобилскиот концерн, тврдат дека сите соодветни билатерални договори и спогодби се веќе потпишани.
Веднаш штом автомобилите ќе пристигнат на островот, тие ќе им бидат предадени на локалните државни такси-компании. Сѐ уште не се знае дали LADA Vesta ќе можат да ја купуваат жителите на Куба или ќе се користи само за такси.