Индија сака да купи 108 руски авиони-ловци T-50/FGFA
Комитетот, на чие чело е маршалот на авијација во пензија Симхакути Вартахман, изврши анализа на тактичко-техничките карактеристики на авионот и даде позитивен заклучок во однос на прашањето за негова набавка, соопштува блогот на Центарот за анализа на стратегии и технологии кој се повикува на швајцарскиот портал psk.blog.24heures.ch.
Единствено нерешено прашање останува преносот на руски технологии. Преговорите на оваа тема сѐ уште траат. Познато е дека Индија планира да издвои 5 милијарди долари за заедничка разработка на авионот.
Су-57: Рускиот ловeц од 5 генерација со ново „срце“ и ново име
Порталот „Взгљад“ истакнува дека претходно медиумите соопштија за подготвеноста на Индија да купи повеќе од 200 ловци.
За извоз на ловци врз база на ПАК ФА заеднички со Индија се создава извозна модификација која ја доби ознаката FGFA (Fifth Generation Fighter Aircraft – ловец од петта генерација).
На почетокот на август индиските медиуми соопштија дека во Индија е одобрена заедничката разработка со Русија на авион од петта генерација, а во февруари заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на РФ Владимир Дрожжов соопшти дека Русија и Индија договориле разработка на најнов ловец.