На местото на несреќата на групата на Дјатлов откриен бункер
Блогерот Валентин Дегтерев кој се занимава со истражување на случајот на мистериозното загинување на туристи на преминот Дјатлов смета дека на фотографиите од местото на несреќата се гледа мистериозен објект. Тој смета дека тоа е воен бункер во кој во моментот на инцидентот можеле да бидат вршени некакви тестирања.
Експедиција ќе го бара точното место на загинувањето на групата на Дјатлов
Непознатиот објект е откриен во близина на преминот Дјатлов каде група туристи настрада во 1959 година, напиша истражувачот на парапсихолошки појави од Нижни Тагил.
Тој вели дека објектот на планината Отортет личи на воен бункер. Како што истакнува тој, бункерот е напуштен одамна, направен е од бетон, долг е 30 метри и е покриен со железни плочи со истрошен заштитна боја.
Блогерот нагласува дека бункерот е присутен на сите фотографии од различни периоди. Според него, туристите биле на планината во период кога се тестирало неутронско оружје.