На Крим ќе биде поставен најновиот радар „Воронеж-СМ“
Ваква одлука може да биде донесена поради несоодветноста на станицата „Днепар“ во Севастопол која во моментов се наоѓа во лоша состојба, пренесува „Взгљад“.
Русија создава супермоќна радарска станица
„Воронеж-СМ“ е, за разлика од застарениот „Днепар“, перспективна станица од најнова генерација со висока точност на откривање на цели. Радарот со сантиметарски дијапазон е способен да прибере информации за секоја цел која влегува во неговата зона на работа.
Изградбата на Крим на најнов радар забележително ќе го зајакне копнениот сегмент на системот за предупредување од ракетен напад од јужен и западен правец, убеден е воениот експерт, главен уредник на списанието „Воздушно-космичка граница“ Михаил Ходарјонок.