Поранешен судија се обидел да го продаде своето работно место
Во Ставрополскиот регион (федерален субјект на Русија во Северната Кавкаска Федерална Област) беше уапсен поранешниот судија Максим Новиков под обвинение за измама, соопштува Истражниот Комитет на Русија. Тој наводно се обидел да ја продаде својата позиција за четири милиони рубли (околу 65000 долари).
Како се перат пари во Русија: 3 неочекувани начини
Според истрагата, Новиков дознал за аспирациите на друг човек да го земе неговото работно место - па тој одлучил да му помогне на него. Така, еден пријател на судијата организирал средба меѓу него и потенцијалниот кандидат за да поразговараат. Но, човекот се изненадил - состанокот не бил толку интервју колку што бил потенцијална бизнис зделка. Судијата бил подготвен буквално да продаде своето работно место!
По средбата со Новиков човекот бил загрижен дека може да биде измамен, па затоа го повикал ФСБ (Федералната служба за безбедност на Русија). Потоа се сретнал со судијата, под таен надзор на полициските органи, и му го предал бараниот износ на пари. Само неколку банкноти биле оригинални - и судијата бил уапсен на самото место.
На 9 август Новиков беше обвинет за обид за измама според Членот 159 од Кривичниот Законик на Руската Федерација. Неговиот познаник, исто така, ќе се соочи со судење.