Руски гинеколог си вгради под кожата шест чипови
Просечната големина на секој чип изнесува 2х12 милиметри, пренесува „Лента.ру“.
CardioQVARK го следи срцето од смартфон
Волчек раскажа дека имплантите во голема мера му го поедноставиле животот. Со нивна помош тој ги отвора вратите дома и на работа, ги чува лозинките, визит-картата, го деблокира компјутерот и друго. Некои од чиповите се аналогни на домофонски клучеви, затоа што другите може да складираат до еден килобајт информации.
„Првиот чип го ставив на 8 август 2014 година. Тој не дозволува да му се менува кодот и претставува еквивалент на картичка за контрола на пристапот до еден од сибирските скијачки центри. Малку подоцна го регистрирав во центарот за контрола на пристапот на организацијата во која работам“, изјави Волчек.
Уредите претставуваат феритно јадро со обвивка и мал чип сместени во цевката на биолошки инертно стакло. Под кожата се имплантираат со со шприц со дебела игла и притоа лесно се отстрануваат. Биохакерот додава дека чиповите не се чувствуваат. Човекот, исто така, сака да си имплантира токен и глукометар.