Aрхеолози во Москва пронајдоа играчка од XVII век
Како што соопштува официјалниот портал на управата и градоначалникот на главниот град на Русија, истражувачите пронашле средновековна играчка, монети и трговски пломби од Англија.
Во Москва пронајдена најстарата улица во градот
Старите работи се најдени при украсувањето на источниот дел на паркот во изградба. На ова подрачје порано имало огромен пазар, бидејќи токму на тоа место на кејот биле укотвени трговски бродови на трговци од различни земји. За особено важни откритија археолозите ги сметаат англиските оловни пломби од XVIII век. Тие сведочат дека во Москва се довезувале стоки од Вејкфилд - британскиот центар на текстилната индустрија.
Исто така, интересна е и фигурката на бакарен коњаник, направена во XVII-XVIII век. Археолозите истакнуваат дека сите елементи на опремата на воинот се направени многу натуралистично. Најверојатно, тоа била играчка од колекција. И таа, и другите наоди ќе бидат изложени прво во привремените, а потоа во постојаните збирки на музеите во градот, пренесува „Росијскаја газета“.