Ученик од Хабаровск спасил давеник
Во Хабаровск седмоодделенецот Алексеј Устјужин од селото Маго ќе биде награден со државно одликување на Министерството за вонредни состојби на Русија „За спасување на настрадани во вода“.
Како што соопштува Nation News, момчето спасило од ледените води 70-годишен маж.
Калининград: Жена-непливач спасила деца од давење, па починала во болница
Алексеј играл фудбал со другар кога ги слушнал повиците за помош кои доаѓале од правец на езерото.
Тој скокнал во водата и го извадил човекот, а неговиот другар повикал помош. Спасениот маж бил хоспитализиран со хипотермија.
Се истакнува дека токму соселаните на момчето се обратиле до Министерството за вонредни состојби на Русија со барање ученикот да биде награден, пренесува RT.