Руски граничари спасија Украинец кој три дена пловел на душек
Како што соопшти прес-службата на граничната управа на ФСБ на Крим, сигналот за откривање на човекот во Каркинитскиот залив службата го примила на 5 август.
Патролниот чамец кој пристигнал на самото место открил во морето млад човек на гумен душек. Граничарите го качиле човекот во чамецот и му пружиле медицинска помош.
„Се покажа дека настраданиот е државјанинот на Украина Михаил Александрович Дорошенко, роден 1998 година. Човекот беше во просечно тешка состојба и крајно истоштен“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на пограничната управа.
На Сахалин дочекани Јапонци кои со педалина сакале да го поминат теснецот
Настраданиот раскажал дека работел како чувар во одморалиште на подрачјето на Лазурное. Една ноќ тој решил да преспие на душек, а кога се разбудил, видел дека се наоѓа на отворено море.
Дорошенко поминал три дена без храна и вода сѐ додека не го спасија руските граничари.
Морнарите не само што го однесоа Дорошенко во болница, каде докторите му дијагностицираат топлотен удар и дехидрираност, туку и му дадоа нова облека.
Претходно беше објавено дека граничната полиција уапсила жител на Саратов кој се обидувал да дојде преку Керченскиот теснец до Крим на сплав направен од штици и пластични шишиња.