Видео: Авион удри во автомобил на автопат во Чеченија
На интернет се појави видео од сообраќајна незгода во која учествуваа лесен авион и автомобил.
Како резултат на судирот пилотот се здоби со лесни повреди.
Инцидентот се случи на автопатот во Шелковкиот реон на Чеченија. Авионот се обидуваше да полета, но немаше доволно пат за забрзување и удри во автомобилот.
Се истакнува дека пилотот немал дозвола за летање, пренесува RT.