На денешен ден: Потпишан Договорот за делумна забрана на нуклеарните проби
На 5 август 1963 година во Москва беше потпишан Договорот за делумна забрана на нуклеарните проби – кратенка од Договорот од 1963 за делумна забрана за тестирање на нуклеарно оружје во атмосферата, вселената и под вода.
Тоа беше резултат на преговорите во Женева, иницирани од Советскиот Сојуз во 1958 година.
Договорот беше потпишан од владите на Советскиот Сојуз, САД и Велика Британија. Договорот стапи на сила на 10 октомври 1963 година, станувајќи првиот меѓународен договор кој го ограничи создавањето и тестирањето нуклеарно оружје.
Како САД планирале да го уништат СССР во 1949