Русија планира до 2023 година да создаде седумтонски ударен дрон
„Во овој момент е создаден летечкиот модел „Фрегата“.
Кога има мотор можеме да го изградиме прво леталото од два тона и да го подигнеме за три години. Тоа може да се користи не само како извидувачко и јуришно, туку и како транспортна машина. Долетот на седумтонскиот воздухоплов со носивост од еден тон може да биде до три километри. За хеликоптер тоа е недостижна далечина. За да влезе во производство ќе требаат уште три години“, изјави Воронов.
Русија го тестира првиот ударен дрон
Според него, Министерството за одбрана на Русија може да го разгледа седумтонскиот воздухоплов и како ударен. Тој има многу интересна карактеристика поврзана со базирањето надвор од аеродромот. „Сите аеродроми им се познати на условните противници без исклучок. А на нашата „Фрегата“ ѝ е потребна само голема чистинка во шумата.
Тој исто така истакна дека како регуларен мотор може да се користи ТВ7-117, кој го користат хеликоптерите Ми-8. „Ако зборуваме за маса од два-три тона, тогаш во оптек би бил развој на мотор за хеликоптерот „Ансат“ од страна на компанијата „Климов“, изјави претставникот на Кроштат, пренесува РИА „Новости“.