Зошто велиме „Грозјето е кисело“
Изреката дека грозјето е кисело ја слушаме речиси секојдневно. Со неа се означува ситуација кога нешто за кое не се успеало или за кое некој не се потрудил доволно станува навидум непотребно, не доволно добро, му се припишуваат лоши особини или се смета за недоволно добро. Исто така, со овој израз, во поширока смисла на зборот, се врши потценување на нешто кое некому е недостапно.
Многумина во Македонија сметаат дека ова е народен израз. Но, не е сосема така. Тој е преземен од басната на рускиот писател Иван Андреевич Крилов „Лисицата и грозјето“ која е напишана во 1808 година. Во неа Крилов точно ја дефинира главната идеја пренесена преку ликот на лисицата.
Лисицата и грозјето
Гладна кума Лиса во градина оди кроце
А таму во лозјето грозд црвен се точи
Сласт е тој за уста и радост за очи
Гроздовите светат како сонце.
Штета многу се високо
Нема како да се повлечат
Иако се гледаат со око
И од уста лиги ѝ течат.
Се мачеше таа речиси цел час Тргна да си оди и вели:
Изгледаат убави цели Ама грозјето е кисело гледам јас Устата ќе ми се собере небаре мраз.
Доколку отидеме малку подалеку, во рускиот јазик постои и изразот „зелено грозје“ (зеленый виноград). Басната на Крилов е и заснована на овој израз кој влегува како дел во фразеологизмот „Зелено е грозјето кога не го даваат“ („Зелен виноград коль не дают“). Кај нас „зеленото грозје“ станува „кисело“ со оглед на тоа дека во нашите краишта и она кое е навистина зелено по боја може да биде слатко.
Зошто велиме „Мечкина услуга“?