Мечки во Хабаровскиот крај изедоа тон риба што испаднала од камион
Ова беше соопштено од локалните жители и потврдено од администрацијата на Николевскиот реон на Хабаровскиот крај.
„Камионот превезуваше од риболовниот колхоз риба и на угорнината недалеку од Николаевск, дел од товарот - не повеќе од еден тон - се истури на патот. Реките сега се празни, мечките го почувствуваа мирисот, излегоа на патот и изедоа сè“, изјави началникот на Одделот за цивилна одбрана и вонредни состојби на реонската администрација Александар Шалигин.
„Тоа се случи во неделата. „КамАЗ“ со риба се преврте. Возачот беше камен пијан. Кај нас во Николаевск жителите ниту риба, ниту икра не можат да видат, затоа што веднаш по преработката се транспортира до други градови. А тука се валкаше на патот. Вчеравечер на мирисот на сибирски лосос дотрчаа мечките“, ги цитира порталот „Губернија“ зборовите Марина Девјтаирековаја од Николаевск.
Истовремено на социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на настанот, пренесува newsru.com.
@GuberniaTV В нерестовых реках на Нижнем Амуре нет рыбы! Дорога Николаевск -Маго! pic.twitter.com/T26K0s3XH4
— Александр (@ii_zhi) July 31, 2017