Русите поставија рекорд на „Тенковскиот биатлон“
Вториот ден од Меѓународните армиски игри-2017 беше одбележан со рекорд во брзина и прецизност на гаѓање на „Тенковскиот биатлон“, пренесува РИА „Новости“.
Рускиот екипаж го помина предвиденото растојание за 19 минути и 10 секунди, без да промаши ниту еднаш. Ова е најдобар показател на натпреварувањата меѓу тенкистите.
Војниците, исто така, се натпреваруваа во снајперско гаѓање, воено разузнавање и пилотирање. АрМИ се одржува во 5 земји - Русија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, и Кина. Игрите ќе траат до 12 август.