Руската флота добива годинава ракетен брод со „Калибри“
Борисов додаде дека во следниве шест месеци ќе се вршат испитувања на бродот кој веќе е целосно опремен, пренесува „Взгљад“.
Во саботата тој учествуваше во церемонијата на спуштање во вода на главниот мал ракетен брод „Ураган“.
Борисов истакна дека „Ураган“ има сериозно вооружување.
Руската армија се засили со „Искандери“ и „Калибри“
„Тој по своите димензии, можеби е и мал, но многу опасен. Како што знаете, има во вооружувањето крстосувачки ракети „Калибар“ кои прекрасно се покажаа во сирискиот конфликт“, истакна тој.
Според него, „Ураган“ ќе биде вооружен и со противвоздушен ракетен систем кој ќе го штити бродот од воздух.
„Ова е страшно оружје, кое според нас, ќе доминира на внатрешните мориња на Руската Федерација и ќе обезбедува покривање на поблиската зона во Тихиот океан, во Северната флота, на Балтикот“, заклучи Борисов.
Тој исто така додаде дека малите ракетни бродови од проектот 22800 „Каракурт“ ќе бидат опремени со поморската верзија на ракетниот систем „Панцир“.