Шојгу ги отвори Меѓународните армиски игри
„Секоја година Меѓународните армиски игри предизвикуваат сѐ поголем интерес во земјата и странство. Се сеќаваме како почна пред три години. А денеска својот професионализам овде ќе го покажат повеќе од 3,5 илјади војници од 28 земји, рече рускиот министер за одбрана.
Со задоволство констатираме дека расте бројот на земји подготвени да ја преземат штафетата и да ги организираат Игрите на своја територија. Се проширува списокот на натпреварувачки дисциплини, кои сега ги има 28. Нема сомнение дека тоа ќе ги зголеми атрактивноста и натпреварувачкиот дух на турнирот и ќе привлече голем број на гледачи, додаде министерот.
Војници од 22 земји пристигнаа во Русија за учество во „Армиските игри“
Почитувани учесници, не заборавајте дека победата е секогаш надминување на себеси, резултат на напорна работа и целосна посветеност. Убеден сум дека сите ќе покажете решителност, истрајност, сила на духот и цврстина на карактерот и ќе ги остварите поставените цели“, рече Шојгу.
Во видео обраќањето претседателот на РФ Владимир Путин ги поздрави организаторите, учесниците и гостите на натпреварувањето.
Меѓународните армиски игри АрМИ-2017 ќе траат до 12 август. Во нив учествуваат екипи од 28 земји, а натпреварувањата ќе бидат одржани на повеќе од 20 полигони во пет земји: Русија, Казахстан, Азербејџан, Кина и Белорусија.