МО на РФ одговори на изјавите на Варшава за „фалсификување на историјата“
Министерството за одбрана на Русија ја коментираше изјавата на полскиот Институтот за национално сеќавање, кој го нарече објавувањето од архивите на рускиот одбранбен ресор на документи за ослободување на Полска во Втората светска војна „фалсификување на историјата“.
„Тешко дека можеше да се очекува поинаков коментар од таканаречениот полски Институт за национално сеќавање (IPN). Изненадува само бавната жолчна реакција на неговите „експерти“ кои едноставно немаат со што да ги побијат објавените на 18 јули на веб-страницата на Министерството за одбрана на Русија историските факти за благонаклониот однос на полското население и свештенството спрема војниците на Црвената армија“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.
МО на РФ декласифицираше документи за ослободувањето на Полска од нацистите
Тој, исто така, истакна дека руското Министерство за одбрана ќе продолжи да објавува историски документи.
„За да ги лишиме русофобите од тековната „институции“ на реакционерство и историска контузија во Полска, Украина и другите „новоевропски“ држави од можноста и понатаму да ги лажат своите народи, фалсификувајќи ја историјата на Големата татковинска војна“, додаде Конашенков, пренесува RT.
Претходно Варшава изјави дека документите кои ги објави Министерството за одбрана на Русија за ослободувањето од страна на Црвената армија на територијата на Полска ја фалсификуваат историјата.