Заврши првата етапа од руско-кинеските маневри „Поморска соработка-2017“
Во Балтичкото море заврши првата етапа од руско-кинеските маневри „Поморска соработка-2017“, пренесува RT.
Во маневрите учествуваа 10 бродови и исто толку единици авијациска техника.
Во рамките на следната етапа војските на двете земји ќе одработат заеднички дејствија во акваторијата на Охотското и Јапонското море. Втората серија од воените вежби ќе заврши кон средината на септември.