Повеќе од 1500 парови ќе се венчаат во Москва на Денот на градот
Москва на 9 и 10 септември одбележува 870 години од првото споменување на градот во историските извори. Прославата ќе се одржи под мотото „Москва- град во кој се создава историја“. Се планира целиот град да биде уреден во стилот на руската авангарда, а од 1 до 10 септември ќе се одржи фестивалот „Јубилеј на Москва“. Вечерта на 9 септември во рускиот главен град ќе се одржи голем огномет од 13 локации.