Космичката група на Русија збогатена со сателит за посебни намени
Три вселенски летала, вклучувајќи и сателит за посебни намени успешно се лансирани во земјината орбита во мај и јуни оваа година. Ова го изјави заменик-министерот за одбрана Јуриј Борисов.
„На 25 мај и 23 јуни 2017 година од космодромот „Плесецк“ (Архангелска област“ се одржа лансирање на ракети-носачи „Сојуз-2.1б“ и „Сојуз-2.1в“. Изведени се во орбитата вселенските летала „Космос“, „Тундра“ и вселенско летало за посебни намени“, изјави Борисов.
Според него, „сите лансирања поминаа успешно“, пренесува „Интерфакс“.
Засекогаш млад: 62 години на космодромот Бајконур