Жител на Санкт Петербург ја преплива цела Нева
Во Управата за транспорт на МВР за Северо-Западниот федерален округ изјавија дека активистот заедно со групата за поддршка е приведен поради тоа што ги немал неопходните дозволи за престој во акваторијата на поморското пристаниште.
Што треба да се види во центарот на Санкт Петербург?
„Ни дозволија да излеземе на брегот, поседовме, се загреав. Потоа нѐ однесоа во станица, ни зедоа изјави. Раскажавме што правевме, по што нѐ пуштија“, изјави Середкин, пренесува „Лента.ру“.
Тој нема намера да го повтори подвигот. Сега неговата цел е да го преплива Ла Манш, нешто што не му успеа минатата година.
Во вторникот, 25 јули, Середкин за 14 часа преплива 74 километри по реката при температура на водата од 15 степени Целзиуссови. По патот го придружуваа два чамци.
Середкин не е професионален пливач.