Украина го ликвидира легендарниот советски авиоконцерн „Антонов“
Одлуката е објавена на порталот на владата на Украина. Се истакнува дека документот бил донесен на 19 јули.
Каква судбина го очекува „Руслан“?
„Да се ликвидира државниот концерн за изградба на авиони „Антонов“, се вели во уредбата, пренесува RT.
За извршување ќе биде формирана комисија за ликвидација на концернот, а нејзин претседател ќе биде заменик-министерот за економски развој и трговија на Украина Јуриј Бровченко.