Првиот руски сателит направен на 3Д-печатач оди во вселената на 17 август
Ова го соопштува прес-службата на Томскиот политехнички универзитет (ТПУ), кој е еден од конструкторите на наносателитот.
Според информациите на ТАСС, сателитот се наоѓа на МВС уште од пролетта 2016 година.
Премиерата на новата епизода на „Маша и Мечокот“ се одржа на МВС
„Во понеделникот (24 јули) ќе биде извршена проверка на работната способност на сателитот и на наполнетоста на неговите акумулаторски батерии од опремата на станицата. Оперативното лансирање е планирано за 17 август“, се вели во соопштението на прес-службата на ТПУ што го пренесува RT.
Сателитот ќе го лансираат космонаутите Фјодор Јурчихин и Сергеј Рјазански.
Печатениот на 3-Д печатач сателит ќе биде во вселената за период до шест месеци и ќе пренесува на Земјата информации за својата температура, на колата и батериите, како и параметри на електронските компоненти.
Во мај беше објавено дека „Томск-ТПУ-120“ испратил поздравен сигнал.