На МАКС-2017 потпишани договори и спогодби за 400 милијарди рубли
На Меѓународен авиокосмички саем „МАКС-2017“ се потпишани договори и спогодби во вкупен износ од 400 милијарди рубли, се вели во официјалното соопштение за медиумите на Министерството за индустрија и трговија на Русија.
Четири главни сензации на Макс-2017
Министерството исто така прецизира дека во саемот учествувале 880 компании од 36 земји, вклучувајќи 180 странски производители.
Деловниот потенцијал на саемот се проценува на повеќе од 600 милијарди рубли, вклучувајќи ги потпишаните договори и спогодби за испорака на авиотехника вредни речиси 400 милијарди рубли, како и преговори за испорака на производи за сума од околу 36 милијарди рубли.
Авиасаемот од 18 до 23 јули го посетија повеќе од 452 илјади луѓе, соопшти Главната управа на МВР на Русија за Московската област. Во неделата, 23 јули, саемот го посетиле повеќе од 122 илјади луѓе, пренесува „Лента.ру“.