На денешен ден роден познатиот советски авио-конструктор Павел Сухој
Сухој исто така го конструираше авионот Су-6, но Сталин реши да не го пушти авионот во производство и наместо него го одбра Иљушин Ил-2.
За време на Студената војна, дел од неговите конструкции беа суперсоничниот Су-7, кој стана главниот советски ловец-бомбардер во 1960-те, како и пресретнувачите Су-9 и Су-15, кои го чинеа ‘рбетот на ПВО. Тој, исто така, ги конструираше и авионите Су-17 и Су-24. Последниот ловец кој Сухој го конструираше беше Т-10 (Су-27), но не доживеа да го види како лета.