Медведев се возеше со рускиот беспилотен автобус „Шатл“
Возењето се случи пред почетокот на состанокот за развој на електричниот транспорт. Како што му објасни на Медведев раководителот на проектот Алексеј Гусков, во моментов е произведен единствениот модел на беспилотниот автобус, кој и беше тестиран од страна на премиерот.
„Гледаме и електросообраќај, и беспилотен транспорт како една од основните насоки на развој на руското машинство“, изјави Медведев.
Заменик-генералниот директор на НАМИ Алексеј Гогенко изјави дека до март 2018 година ќе бидат презентирани уште четири примероци за кои се планира да бидат користени на Светското фудбалско првенство, пренесува порталот tjournal.ru.