Зошто Русите фрлаат бисери на свињите?
1. Сака да излезе од кожата (Вылезти из кожи вон)
Иљја Огарев
Доколку сте Русин, тогаш не ви е доволно да дадете сè од себе, ами (во преносна смисла) сакате уште и да излезете од кожа за да ја постигнете својата цел!
2. Да изедете куче за нешто (Собаку съесть в чем-то)
Иљја Огарев
Доколку отсекогаш сте сакале да станете компетентен стручњак во некоја конкретна област, но сè уште не сте постигнале значаен успех, тогаш обидете се да изедете куче во таа област, како што тоа го прават Русите (се надеваме дека ова нема да го сфатите буквално!).
3. Ви паднала планина од плеќите (Гора с плеч свалилась)Иљја Огарев
Тоа е кога ќе почувствувате огромно олеснување, кога некој ве ослободил од огромен товар. На Македонците им паѓа камен од срцето, а на Русите планина од плеќите.
4. Влече за нос (Водить за нос)
Иљја Огарев
Ако сакате некого да насамарите, само фатете го за нос и повлечете го. Циганите на руските панаѓури доведувале животни, обично мечки, со прстен во муцката. Ги влечеле „за нос“ и така ги принудувале да изведуваат разни точки. За среќа тоа денес повеќе го нема.
5. Да им се вратиме на нашите овни (Вернемся к нашим баранам)
Иљја Огарев
Станува збор за „канонски“ руски повик кон соговорникот да се врати на главната тема.
Звучи неочекувано, но овој израз е дојден во рускиот јазик од анонимната француска „Фарса за адвокатот Патлен“ која настанала во 15 век. Во приказната овчарот украл неколку овни на кројачот, па затоа го тужел овчарот. На судот тие двајца почнале да се расправаат. А, кога отишле премногу далеки од темата, судијата им рекол: „Може ли да им се вратиме на овните?!“
6. Фрла бисери на свињите (Метать бисер перед свиньями)
Иљја Огарев
Да се троши време на нешто сосема бескорисно.
Оваа фраза потекнува од Евангелието според Матеј: „Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и откако се повратат, да не ве раскинат“.
Десет руски збора кои е тешко да се преведат на македонски