Минувачка го бакна Путин во центарот на Москва
Настанот се случи на улицата „Стари Арбат“, откако претседателот на Русија ја посети активистката за човекови права Људмила Алексеева и ѝ го честиташе 90 роденден.
Кога рускиот лидер излезе на улицата, тој им се обрати на туристите кои шетаа по Арбат.
„Како ви се допаѓа?“, праша Путин.
Откако доби позитивен одговор, претседателот истакна дека на туристите тој ден им се погодило времето во Москва.
Шефот на руската држава исто така поздрави и странски туристи на англиски јазик.
На крајот на разговорот Путин се прегрна со една од жените, која го бакна в образ, пренесува RT.