Медиум:Холивудски режисери од страв го исфрлија ликот на Путин од два филма
Филмот „Црвениот врабец“ со Џенифер Лоренс во главната улога раскажува за руски шпион, кој станува двоен агент. Филмот се заснова врз романот на пораешниот офицер на ЦИА Џејсон Метјуз. И покрај фактот што Путин ја игра клучната улога во филмот, неговиот лик нема да се појави, дури и по огромниот интерес за Кремљ по изборите во САД, пишува The Hollywood Reporter.
11 епски гафа во холивудските филмови поврзани со Русија
Се тврди дека креаторите на филмот се плашат од руските хакери поради начинот на кој е прикажан Путин во филмот.
Ликот на рускиот претседател го нема ниту во филмот „Курск“ на корпорацијата EuropaCorp. Филмот зборува за подморницата која потона во Баренцовото море во 2000 година. Ликот на рускиот претседател првично беше планиран да се појави во филмот. Изданието истакнува, повикувајќи се на експерти, дека за студиото прикажувањето на филм за Путин, „каде тој личи на будала“, ќе биде еднакво на самоубиство, пренесува „Взгљад“.
Претходно режисерот на Курск Лик Бесон изјави дека ликот на Путин нема да го има во филмот Курск“.