На МАКС-2017 ќе биде презентиран беспилотен конвертоплан
Експерименталниот примерок на двотонскиот беспилотен конвертоплан VRT30 ќе биде покажан во рамките на Меѓународниот авиокосмички саем (МАКС-2017). Ова го соопшти прес-службата на „Хеликоптери на Русија“ (Вертолёты России).
Новиот МиГ-35 ќе биде претставен на јавноста на саемот МАКС-2017
Се истакнува дека врз основа на технички напредок на проектот ќе се создаде конвертоплан со маса на полетување до два тони. Предноста на леталата кои се направени според шемата за конвертоплан е во тоа што нивната работа не бара да се има писта. Покрај тоа, благодарение на механизмот за ротирање конвертопланот е способен да развива како голема брзина, така и да извршува задачи во режим на лебдење, пренесува РИА „Новости“.
Воздухопловот може да се искористи и за превоз на товар и на патници (може да собере до 4 тони товар или до 26 луѓе. Исто така, конвертопланот може да се искористи и за ВИП-превоз (во таквата варијанта може да се сместат 13 патници и стјуардеса), пренесува „Лајф“.