Поморската авијација на Русија работи на авиони од нова генерација
Кожин соопшти дека новите авиони треба да ги заменат постојните. Разработката „се ближи кон крајот“. Покрај тоа, се работи „на создавање перспективни повеќенаменски хеликоптери со бродско и копнено базирање“, пренесува „Взгљад“.
Кожин соопшти за длабоката модернизација на 60% од противподморничките Ил-38, како и дека се модернизирани повеќе од половината противподморнички хеликоптери.
„Извршен е голем обем на работа за обнова на готовноста и модернизација на транспортно-борбените хеликоптери Ка-29. Во функција се веќе 20 такви летала и продолжува работата за модернизација на целиот парк такви хеликоптери“, изјави Кожин.
Новите руски торпеда доаѓаат
Повеќе од половината авиони Су-33 добија нови системи за борбена примена врз поморски и копнени цели. Сега нивниот „потенцијал е покачен на нивото на Су-30СМ“. Останатите Су-33 на Поморската авијација исто така ќе поминат низ модернизација.
До 2018 година на современите барања ќе одговараат 60% од авиопаркот.
Кожин потсети дека последниве две години Поморската авијација доби повеќе од 20 Су-30СМ. Исто така, формиран е и нов полк од ловци МиГ-29.
Во понеделник се одбележува 101 годишнина од формирањето на Поморската авијација на ВМФ на Русија.