Анкета: Кои се најголемите стравови на Русите?
Стравовите, поврзани со растот на цените и меѓународните конфликти, остануваат главни фактори кои предизвикуваат немир кај Русите, велат резултатите од истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).
„Индексот на страв според првото прашање од мај до јуни порасна од 23 на 27 точки (во јануари беше 17 поени). Показателот, кој го демонстрира степенот на загриженост на Русите во однос на воените конфликти, се искачи на 19 точки во март и оттогаш е во границите на 19-20 точки“, се вели во материјалот од истражувањето, пренесува RT.
На трето место на рејтингот на стравови се најдоа проблемите со здравјето и тешкотиите при добивањето медицинска помош. Притоа показателот пораснал од нула до 8 точки во јуни.
Индекс на страв: Од што најмногу се плашат Русите?
Според анкетата, Русите во април почнале повеќе да се загрижени по повод внатрешните немири и конфликти (од -5 во јануари до 6 точки), но во јуни показателот се намалил на 1 точка. Иста тенденција се забележува во однос на стравот пред пораст на криминалот.
За неколку поени пораснале и ризиците од намалување на приходите, како и индексот на страв од губење на работата. Семејните проблеми го заземаат последното место на листата на стравувања.
Во анкетата учестувале 1,6 илјади испитаници во 130 населени места во 46 региони на Русија.