Германски фармер продаде советски Ту-134 за 100 илјади евра
Музејот на авијацијата во германскиот град Котбус купи од фармер советски авион Ту-134 за 100 илјади евра, соопштува РИА „Новости“ на својот канал на YouTubе.
80-годишниот фармер го пренел 29-тонското летало во 1991 година од една напуштена воена база. Човекот сакал да го претвори авионот во кафеана, но за 15 година не успеал да ја реализира својата идејата.
Сега музејот на авијацијата во Котбус ќе добие уште еден историски примерок - наскоро таму ќе се појави и советски Ту-134. Во моментов стариот авион се наоѓа во градот Гринц – во градината на германскиот фармер.
Музејот го купи авионот за 100 илјади евра. Авионот ќе биде пренесен на делови во Котбус, а транспортирањето е планирано за 17 октомври, иако демонтажата веќе започна.